Ќе биде ли ова удар за турскиот претседател: Ердоган го губи и Истанбул
Кандидатот на главната опозициска Републиканска народна партија за градоначалник на најголемиот турски град Истанбул води, против кандидатот на Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ова го објави шефот на Изборната комисија на земјата Сади Гјувен, цитиран од "Ројтерс".
Гјувен изјави пред новинарите дека Екрем Имамоглу од Републиканска народна партија освоил 4 159 650 гласа, а Бинали Јилдирим од АКП имал 4 131 761 гласа. Но, не потенцирал колку проценти од гласовите биле изброени.
Претходно Ердоган го признал поразот во Инстанбул со половина уста. Додека, загубата на Анкара се случува за прв пат по формирањето на партијата на Ердоган.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доминираше во турската политика откако дојде на власт пред 16 години и ја водеше својата земја, ја зајакна власта, ги нарече изборите за време на изборната кампања како "прашање за опстанок" за Турција.
Загубата на исламистичката партија на Ердоган во Анкара е голем удар за претседателот. Дури и уште симболичен удар и поширок знак на намалена поддршка за него е загубата на Истанбул, каде што ја започна својата политичка кариера и беше градоначалник во 1990-тите.
