Ердоган ги заладува односите и со САД
Откако авијацијата на САД ги поддржа Курдите во Сирија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се сомнева во нивната поддршка и ги повика американците „да се одлучат кој им е партнер”.
„Како да ви веруваме? Дали сум јас ваш партнер или се тоа терористите во Кобане?“ - остро праша Ердоган.
Ердоган остро ја критикуваше посетата на Брет МакГурк, специјалниот пратеник на Барак Обама, на Партија на демократска унија (ПИД) која го контролира сирискиот град Кобане.
Военото крило на партијата со помош на коалицијата предводена од САД се борат против групата на Исламската држава во Сирија и во Ирак и пред една година ги отстранија милитантите од Кобани.
Турција ја смета ПИД за терористичка група поради нивната поврзаност со Работничката партија на Курдистан (ПКК), која во Турција е прогласена за нелегална.
