Ердоган:Германија мора да даде објаснување за убивањето на Намибијци
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердогaн изјави дека Германија мора да даде објаснување за убивањето на 100.000 Намибијци.
Со ова Ердоган и го возвраќа ударот на Германија поради признавањето на нејзиниот парламент на масовните убиства на Ерменците во Отоманското царство од 1915 година за геноцид.
Ердоган потсетува на Холокаустот и е категоричен дека Германија е последната која треба да зборува за геноцид врз Ерменците.
Под Намибиски геноцид се подразбира масакрот врз 80% од населението на племињата хереро (банту) и нама (хотентоти) во Германска југозападна Африка во периодот меѓу 1904 и 1907 година. Германија пред 12 години го призна извршувањето на геноцидот во Намибија.
Турција вообичаено ги отфрла обвинувањата за геноцид врз Ерменците кон крајот на Првата светска војна во 1915 година.
Германскиот парламент на 2 јуни со големо мнозинство ја усвои резолуцијата во која се признава Ерменскиот геноцид. Турција реагираше со индигнација на оваа одлука и веднаш го повлече својот амбасадор во Берлин, а Ердоган порача дека одлуката на Бундестагот сериозни ќе влијае врз турско-германските односи.
