Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ЧЕКА ОДГОВОР ОД МЕРКЕЛ: Турскиот лидер порачува дека немаат потреба од нив

ЕРДОГАН ЧЕКА ОДГОВОР ОД МЕРКЕЛ: Турскиот лидер порачува дека немаат потреба од нив

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од лидерите на земјите членки на ЕУ да се изјаснат дали се за или против влезот на Турција во ЕУ. 

И тоа, според Ердоган, треба да го направат на следниот самит на ЕУ закажан за следната недела.

„Дајте ја вашата изјава и да ставиме крај на оваа работа. Ние немаме потреба од вас”,- изјави тој на митинг на неговата партија.

На самитот следната недела една од точките на дневниот ред се односите со Турција.

Канцеларката Ангела Меркел, во текот на изборната кампања, вети дека со ЕУ ќе разговара за крај на преговорите со Анкара.

Преговорите за членство на Турција се замрзнати од 2015 година и неуспешниот пуч во оваа земја поради бранот репресија што следеше. Особено се напнати односите со Германија. 

„Јас реков дека сакам да разговараме ситуацијата со Турција. Затоа, побарав од Европската комисија да подготви извештај, но нема да земеме одлука сега. Би сакала да го слушнам мислењето на колегите по ова прашање“- рече таа.

Самитот на ЕУ ќе се одржи на 19-20 октомври. 

Слично

Поврзани вести