Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Ако се противи на исламофобијата, ЕУ мора да ја прими Турција

Ердоган: Ако се противи на исламофобијата, ЕУ мора да ја прими Турција

Европската унија мора да ја прими Турција како своја членка, ако се противи на исламофобијата, вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, првиот турски претседател што ја посети Џибути, рече дека „Турција нема никогаш да ги толерира терористите“ и дека тие „може да бидат од било која религија“, по што се изјаснил и за приклучувањето на Турција кон ЕУ, пишува турскиот дневник „Хуријет“. „Не е важнодали тие нас не прифаќаат или не. Ние ќе продолжиме со својата работа. Ние ја тестираме Европа. Дали Европа ќе може да проголта и да ја прифати Турција, чиј народ се муслимани. Ако се противат на исламофобијата, тогаш морате да ја примите Турција во ЕУ“, вели Ердоган. Според него, тезата дека ЕУ е „христијански клуб“ ќе биде оправдана, ако ја одбијат Турција. Сепак, Турција е „јака држава и нема да дојде на вратата на ЕУ да моли“, потенцира Ердоган и додава дека во тој случај Турција сама ќе креира свој пат.
Слично

Поврзани вести