Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ербас“ го потиснува „Боинг“ на долгите релации

„Ербас“ го потиснува „Боинг“ на долгите релации
Европските власти денеска дадоа зелено светло за комерцијална употреба на новиот авион на Ербас од типот А350. „Ербас“ докажа дека овој тип на авион е во согласност со регулаторните прописи за безбедност и со еколошките барања кои ги пропишува Европскта агенција за безбедност на авиосообраќајот (ЕАСА)“, се наведува во соопштението на регулаторното тело. Дизајниран со цел да му помогне на Ербас да се справи со американскиот ривал Боинг особено на пазарот на долги летови, авионот А350-900 е изработен од лесни композитни материјали, кои ја намалуваат потрошувачката на гориво и останатите трошоци. Секој нов тип на авион мора најпрвин да добие сертификат од Европската агенција за безбедност на авиосообраќајот, пред да и биде испорачан на некоја авиокомпанија.  
Слично

Поврзани вести