Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ер Франс, во рамки на мерките на штедење, ќе отпушта нови 2.500 работници

Ер Франс, во рамки на мерките на штедење, ќе отпушта нови 2.500 работници
Cо цел намалување на тековните трошоци, француската авиокомпанија Ер Франс планира есенва да отпушти 2.500 работници, информираше портпаролот на компанија во изјава за агенцијата Франс прес. Од јуни 2011 до јуни 2013 година, бројот на работни места во оваа компанија е намален за 5.600. Ново намалување на бројот на работни места е дел од планот кој се спроведува од 2012 година, а целта е за три години да се заштедат две милијарди евра. Француско –холандската компанија Ер Франс-КЛМ минатата година забележила загуба од 800 милиони евра. Во компанијата пред година и половина почна реструктуирање, а резултатот е драстично намалување на долгот, кој од април до јуни оваа година е сведен на околу 163 милиони евра.
Слично

Поврзани вести