Ер Франс најави околу 2.600 нови отпуштања до 2014 година
Околу 2.600 нови отпуштања најави француската авиокомпанија Ер Франс до крајот на 2014 година, пренесоа Франс прес и ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на синдикатот.
ИТАР-ТАСС забележува дека отпуштањата треба да станат „програми за доброволно напуштање” на вработените.
Од јуни 2011 година компанијата веќе скрати 5.600 работни места, а бројот на вработените го намали од 106.300 на 100.700 луѓе.
Слично
