Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ер Франс го приземји штрајк – илјадници патници ќе отстанат заглавени?

Ер Франс го приземји штрајк – илјадници патници ќе отстанат заглавени?
Пилотите во француската авиокомпанија „Ер Франс“ стапија во еднонеделен штрајк, незадоволни од намалувањето на цените на авиопревозникот и реорганизацијата на работните места. Како резултат на штрајкот, компанијата објави дека нема да може да реализира повеќе од 50% од летовите кон целиот свет, планирани за неделава. Од “Ер Франс“ ги повикуваат патниците да ги променат или одложат патувањата проценувајќи дека само 48 проценти од летовите ќе можат да се реализираат. На Шарл де Гол веќе се појавиле патници кои сакале да ги променат своите билети, а откажаните летови биле тргнати од екраните за пристигнување и поаѓање. Француската авиокомпанија минатата недела најави инвестициски план со кој би заштедиле една милијарда евра во текот на следните години. Со него се предвидува намалување на цените на билетите, но и реорганизација на работните места, бидејќи француските закони за работни односи го прават скап и сложен процесот на отпуштање на вработени доколку компанијата има финансиски проблеми.
Слично

Поврзани вести