Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ер Франс го прекина штрајкот, Луфтханза почнува нов?

Ер Франс го прекина штрајкот, Луфтханза почнува нов?
Пилотите на француската авиокомпанија Ер Франс го прекинаа двонеделниот штрајк против реорганизацијата на оваа компанија и плановите за проширување на капацитетите на нискобуџетната Трансавиа. Иако во преговорите со управата на компанијата не е постигнат никаков конечен договор, сепак синдикатот објавил дека штрајкот што компанијата ја чинеше повеќе од 200 милиони евра е завршен, со цел да можат да се создадат услови за продолжување на дијалогот. Пилотите велат дека се одлучиле да преземат одговорност и да му стават крај на штрајкот, иако последните рунди од разговорите не навестуваат решение, за да покажат дека „сериозно му пристапуваат на целиот процес“. Тие бараат единствен договор кој ќе важи за цела авиокомпанија, за да не бидат принудувани да прифаќаат полоши услови за работа во нискобуџетниот оддел Трансавиа. Пилотите на Ер Франс, кои заработуваат по околу 250.000 евра годишно, стравуваат дека Трансавиа ќе преземе поголем дел од летовите, бидејќи е создадена да им конкурира на останатите нискобуџетни авиокомпании. Пилотите на Трансавиа, која е фирма-ќерка на Ер Франс, сега заработуваат по 160.000 евра годишно, а имаат многу повеќе летови. За разлика од штрајкот во Ер Франс, кој од денеска и официјално е прекинат, пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза, пак, утре ќе ги откажат сите летови на долги релации затоа што не се согласуваат со измените во програмата за предвремено пензионирање. Ова е уште еден од серијата штрајкови кои ја потресуваат оваа авиокомпанија, а ќе бидат прекинати сите подолги летови од аеродромот во Франкфурт.  
Слично

Поврзани вести