Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ер Берлин се распарчува, кој ќе ги „зграпчи“ авионите?

Ер Берлин се распарчува, кој ќе ги „зграпчи“ авионите?

Германскиот туристички авио-превозник Кондор, дел од британската авио компанија „Томас Кук“ е заинтересиран за преземање на неколку авиони од несолвентниот Ер Берлин.

Од Кондор „во процесот на подготовка на конкретна понуда“, рекле дека компанијата е заинтересирана за летала со краток домет, но и за некои долголиниски.

Ер Берлин, вториот најголем авио превозник во Германија , минатата недела поднесе барање за стечај поради несолвентност, откако неговиот главен акционер Етихад ги укина средствата за финансирање.

Во тек е „натпревар“ на повеќе заинтересирани страни за постигнување на договор за преземање на бизнис деловите на Ер Берлин, вклучувајќи ги авионите и екипажот, како би се овозможил и пристап до слотовите за полетување и слетување на аеродромите како што се Диселдорф, Берлин Тегел, Минхен и Хамбург.

Германскиот водечки авио-превозник Луфтханза, кој прв разговарал со Ер Берлин, соопшти претходно дека претставил необврзувачка понуда за преземање на делови од групата.

Слично

Поврзани вести