Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ер Азија“: Нуркачите стигнаа до трупот на авионот, пронајдени уште четири тела!

„Ер Азија“: Нуркачите стигнаа до трупот на авионот, пронајдени уште четири тела!

Индонезиските нуркачи денеска конечно стигнаа до трупот на авионот на малезиската компанија „Ер Азија“, кој на крајот на минатиот месец се урна во Јаванско море, и извлекоа уште четири жртви на оваа несреќа, објавил претставник на спасувачката екипа.

Минатата недела еден воен брод ги воочи остатоците на авионот „erbas A320-200“ на морското дно и одтогаш нуркачите се обидуваат до допрат до нив, но лошите временски услови во тоа ги спречуваа.

Досега се пронајдени 63 тела на жртвите од кои шест вчера. Некои од нив уште биле врзани за авионските седишта.

Минатата недела е пронајдена и црната кутија на урнатиот авион чија содржина моментално ја истражуваат експерти.

Според соопштението на индонезиското министерство за сообраќај авионот во очи на несреќата се издигнал со ненормална брзина после што изгубил брзина и се урнал во морето.

Неколку моменти пред да исчезне леталото од радарот, пилотот побарал дозвола за зголемување на висината за да избегне бура, но поради густиот воздух на сообраќај дозволата не му е дадена веднаш.

Слично

Поврзани вести