Епл прв на листата на 500 најскапи марки во светот
Американската информатичка компанија Епл го зазема првото место на листата на 500 најскапи светски марки која ја составува британската консултантска компанија Бранд Финанс. Вредноста на марката Епл е проценета на 87,3 милијарди долари, наведено е во соопштението на BF. На второ место е јужнокорејскиот Самсунг со вредност на марката од 58,77 милијарди долари. Тоа е единствена компанија меѓу првите 10 на листата која не е од САД.
Слично
