Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епл потрошил 60 мил. долари на адвокати во битката против Самсунг

Епл потрошил 60 мил. долари на адвокати во битката против Самсунг
Документи од судската битка на Apple против Samsung во изминатата година покажуваат дека компанијата од Купертино платила 60 милиони долари на своите адвокати да го порази корејскиот производител , објави The Verge . Информацијата беше откриена откако Apple побара од Samsung да поврати дел од судските трошоци . Според судските регистри, американскиот технолошки гигант сака од конкурентот да плати една третина од трошоците што изнесува малку повеќе од 15,7 милиони долари . Ова е дополнителен износ плус 6.2 милиони трошоци поврзани со случајот , кои корејска компанија треба да ги покрие. Првично Apple назначи две правни фирми за случајот : Morrison & Foerster работеше по нападот во битката , а Wilmer Cutler Pickering Hale and Dorr ја покриваше заштитата против тврдењата на Samsung за прекршувања на негови патенти. Според документите WilmerHale дал потврда за 2 милиони долари , а Apple очекува од Morrison & Foerster сметка за 60 милиони , ѓто е намалена цена заради долгогодишните врски со Apple. Судијата Луси Кох треба да пресуди по барањето на компанијата од Купертино за адвокатските хонорари . Со оглед на нејзината претходна одлука во судската битка меѓу двата гиганти , не изгледа веројатно да е во корист на Apple . Samsung веќе е осуден да плати 900 милиони долари , па разликата е навредлива. Applе и Samsung се соочуваат со уште едно дело во наредната година и не се знае што ќе се случи.
Слично

Поврзани вести