„ЕПЛ“ нема ограничување на американскиот пазар – Обама го штити!
Барак Обама по долги консултации со специјализираните агенции за трговија и трговската политика, донесе одлука да го поништи решението од јуни на Комисијата за меѓународна трговија на САД што резултираше со забрана за увоз на постари модели на iPhone и iPad во САД.
Одлуката беше донесена од страна на Комисијата по предлог на „Самсунг“ кој обвинуваше дека „Епл“ со овие производи ги крши неколку од нивните основни патенти.
Одлуките на Комисија за трговија на САД се конечни и нив може да ги поништи само Сојузниот Апелационен суд или Белата куќа, што и се случи.
Американската компанија „ЕПЛ“ е задоволна од одлуката на американската администрација да ја укине забраната за увоз и продажба на голем број модели на паметни телефони. Но, од оваа одлука се разочараа конкурентите од јужнокорејската компанија „Самсунг“.
Пред извесно време претсатвникот на САД, Мајкл Фром изјавил дека администрацијата одлучила да ја блокира забраната на комисијата за меѓународна трговија за увоз и продажба на некои модели на „ЕПЛ“, поради кршење на патентните права што им припаѓаат на „Самсунг“
"Поздравуваме што администрацијата застана на страната на иновациите во тој важен дел. Акциите на „Самсунг "се неточни и се прекршување на патентниот систем", се вели во соопштението на "Епл". Претставник на „Самсунг", изјави дека во компанијата се разочарани од ветото на администрацијата на одлуката на Комисијата. "Одлуката на ITC правилно призна дека „Самсунг " имал искрени преговори и дека „Епл " не сака да оформи лиценца", се наведува во соопштението.
„ЕПЛ“ и „Самсунг“ водат остра војна во светот, особено кога станува збор за Смартфонс, каде Самсунг е во предност со 32 отсто повеќе, наспорти 17 проценти кој ги има „ЕПЛ“. Војната меѓу овие компании продолжува и понатаму. Минатата година „ЕПЛ“ успеа да издејствува казна од 1 милијарда долари за „Самсунг“ поради незаконска употреба на патент.
