“Епл“ криел данок во Италија?
Даночните власти во Италија ја ставија компанијата “Епл“ под истрага, поради сомневање дека не пријавила повеќе од милијарда евра приходи, пишуваат италијанските медиуми.
Обвинителството во Милано го сомничи технолошкиот гигант и производител на iPhone и iPad, дека сокрил приходи од 206 милони евра во 2010-та и 853 милиони евра во 2011 година, наведува магазинот Еспресо.
Италијанската филијала на “Епл“ е осомничена дека дел од профитот го книжела преку ирската филијала на “Епл сејлс Интернејшнал“, поради што се намалени оданочените приходи во Италија.
Слично
