Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Епл“ ќе им плати отштета на кинески програмери

„Епл“ ќе им плати отштета на кинески програмери

Суд во Пекинг на компанијата „Епл“ и изрече парична казна во износ од околу 100.000 евра поради кршење на авторските права на тројца кинески програмери.

Станува збор за конечна пресуда на Судот во Пекинг во процесот кој го покрена Унијата за заштита на правата на програмерите во Кина против компанијата „Епл“, поради продажбата  преку „Епл Стор“ на спорни идејни решенија, кои им припаѓаат на тројца Кинези.

Компанијата „Сиси Нетворк Технолоџи“ од Шангај, која минатиот месец развила нова технологија за препознавање на звук, покрена тужба поради тврдењето дека софтверор Сири на „Епл“ е всушност вид на „Системот за инстант пораки со помош на робот“, чиј патент го поседува шангајската компанија, поточно тројца нејзини вработени.

Компанијата „Епл“ често се соочува со слични проблеми во технолошки развиената Кина.

Слично

Поврзани вести