Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епл и Гугл се најскапите брендови на светот

Епл и Гугл се најскапите брендови на светот
Американските технолошки гиганти „Apple“ и „Google“ останаа на врвот при рангирањето на најскапите брендови во светот . Листата„ BrandZ“ ја направи меѓународна агенција за истражување „Millward Brown Optimor“, пренесува ИТАР-ТАСС. Притоа вредноста на брендот „Apple“ порасна за 1% до 185 милијарди долари, додека брендот на „Google“  поскапува за 5 отсто до 113,6 милијарди долари. На третото место во вкупниот пласман се наоѓа уште еден технолошки гигант - „IBM“, чиј е учинокот сепак бележи пад од 3% до 112,5 милијарди долари. На четвртото и петтото место се две американски компании, но од различни сектори - „McDonald's“, чиј бренд е проценет на 90,256 милијарди долари, но забележа пад од 5%, како и производителот на безалкохолни пијалаци „Coca-Cola“, бренд кој чини  78,415 милијарди долари. Во исто време друга американска корпорација „Microsoft“, која се наоѓаше на четвртата позиција при рангирањето на 20-те најдобри технолошки компании во светот, забележа пад на вредноста на брендот за 9% до 69,8 милијарди долари, со што го зазема седмото место во севкупниот пласман. Главниот конкурент на „Apple“, „Samsung“ ја зголемил вредноста на брендот за дури 51% до 21,4 милијарди долари, рангирајќи се на 30-то место на листат.  Истовремено ривалот на корпорацијата „Google“,  пребарувашот „Yahoo,“ стигна за прв пат во листата на највредните компании, рангирајќи се на 16-та позиција меѓу технолошките компании и на 92-то место во вкупниот пласман на „BrandZ“. Рангирањето „BrandZ Top 100“ се прави  осма година по ред од истата агенција. Тоа е единствената ваква класификација, која се базира на истражување на мислењата на повеќе од 2 милиони луѓе низ целиот свет, дополнета со темелна анализа на резултатите од активностите на илјадници компании, пренесува ИТАР-ТАСС.
Слично

Поврзани вести