Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епл ги поремети берзите, понуди обврзници тешки 17 милијарди долари

Епл ги поремети берзите, понуди обврзници тешки 17 милијарди долари
Компанијата Епл ги изненади пазарите откако најави емитување обврзници во износ од 17 милијарди американски долари, пти претставува најголемото корпоративно издавање на обврзници во историјата, со што дел од своите големи суми на сметките им ги подели на акционерите.
Една седмица откако извести за првиот пад на кварталната добивка во повеќе од последните десет години, Епл излезе на пазарите со масивна емисија на обврзници за да собере средства за својата амбициозна програма со кој до 2015 година на акционерите ќе им подели 100 од вкупно 145 милијарди долари во готовина, колку што има на сметките. Ова секако уште веднаш привлече побарувачка во износ од 50 милијарди долари. Ваква понуда на обврзниците од 17 милијарди долари е најголемото небанкарско издание во историјата, а досега водечкото место на листата го држеше минатогодишното издание на обврзници на „Abbott Laboratories“ во износ од 14,7 милијарди долари. Ове е прво издание на обврзници на Епл и клучна пресвртници во односот кон акционерите, коишто забележуваа дека компанијата трупа готовина на сметките, наместо да ги зголеми дивидендите или да откупува акции на компанијата на пазарите за акционерите да имаат поголем поврат на вложеното. Во иднина акционерите на Apple ќе добиваат годишна дивиденда од 12,20 долари по акција, при што Епл ќе стане една од компаниите со најголемата дивиденда на светот. Иако компанијата има неверојатни 145 милијарди долари во готовина, само 45 милијарди долари се лесно достапни во САД, додека остатокот од сумата се наоѓа на компаниските сметки во странство, па даночно неисплатливо би било да бидат повлечени во земјата. Ова  значи дека Епл во следните три години треба да собере околу 60 милијарди долари за финансирање на својата програма за поделба на парите на акционерите.
Слично

Поврзани вести