Епл добивал помош од Ирска, ЕУ најавува тужба?
Европската унија би можела да поведе постапка против американскиот технолошки гигант Епл заради повеќедецениско незаконито примање на државна помош од Ирска, пишува „Фајненшел тајмс“.
Во истрагата што Европската комисија ја покрена против компанијата Епл, која во Ирска ужива данок помал од 2%, било откриено дека компанијата земала недозволена државна помош.
„Ирска е уверена дека нема кршење на прописите за државна помош во овој случај и веќе испрати официјален одговор до Комисијата, во кој настојува да ја отстрани загриженоста и нејаснотиите“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии на Ирска.
Истрагата на Европската унија била покрената во јуни за да се испитаат повластените даночни аранжмани што компаниите Епл, Старбакс и Фиат ги уживаат во Ирска, Холандија и Луксембург.
Ирска е омилена дестинација во Европа за повеќето компании како Амазон, Фејбук, Пејпал и Твитер, бидејќи има корпоративен данок од само 12,5%, а со дополнителни преговори давачките уште повеќе се намалуваат.
Слично
