Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епл бележи пад на профитот

Епл бележи пад на профитот
Профитот на Епл во вториот квартал во 2013 година првпат од 2003 падна и тоа за 18 отсто, на 9,5 милијарди долари, во однос на 11,6 милијарди долари во истиот период лани. Вкупните финансиски приходи во второто тромесечје завршено кон крајот на март, се зголемени за 11,2 отсто на 43,6 милијарди долари од 39,2 милијарди во првите три месеци лани, објави компанијата. Епл во првите три месеци оваа година продаде 37,4 милиони смартфони Ајфон, во споредба со 35,1 милион во истиот период лани. Исто така продадени се 19,5 милиони Ајпеди, во однос на 11,8 милиони од јануари до март лани.
Слично

Поврзани вести