Епидемија на менингитис во Велика Британија, две лица починаа
Студент на Универзитетот во Кент и ученик во граматичко училиште починаа од менингитис во епидемијата што се прошири во регионот Кантербери во Велика Британија, а уште 11 лица се хоспитализирани и се во сериозна состојба, објави денеска „Скај њуз“.
Се проценува дека повеќето од хоспитализираните со менингитис се на возраст меѓу 18 и 21 година, а некои се студенти.
Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) соопшти дека стапила во контакт со повеќе од 30.000 студенти, персонал и нивните семејства за да ги информира за ширењето на епидемијата, а на жителите на одредени студентски сместувачки блокови им е наредено да почнат да земаат антибиотици без одложување.
BREAKING: Two people have died during an outbreak of meningitis in the Canterbury area of Kent.
— Sky News (@SkyNews) March 15, 2026
The UK Health Security Agency said 11 other people had fallen ill with signs and symptoms of meningitis and septicaemia.@SkyNewsThomas reports. https://t.co/mdVxUO56Uw pic.twitter.com/l4LJyaT9vu
Менингитисот е инфекција на заштитните мембрани што ги опкружуваат мозокот и 'рбетниот мозок и може да биде сериозна ако не се лекува итно.
Појавата се истражува како поврзана со општествен настан во Кантербери, на кој присуствувале некои од пациентите.
Сите случаи на менингитис се откриени во последните два дена.
Фото: Принтскрин/Икс
