Епидемија на ебола коси во Африка
Стотици лица починаа како последица на епидемија на ебола, која се шири низ три земји во Западна Африка - Гвинеа, Сиера Леоне и Либерија. Според податоците на Светската здравствена организација, до сега со ебола се заразени 635 лица, а кај 367 веќе имала смртен исход.
Се очекува оваа епидемија на ебола да биде најдолга до сега, затоа што со оваа смртоносна болест се погодени некои од најсиромашните земји во светот.
СЗО апелираше до западноафриканските држави кои се граничат со оние во кои се појави епидемијата - Мали, Брегот на Слонова Коска, Сенегал и Гвинеа Бисао - да се подготват во случај преку патници смртоносниот вирус да стигне и кај нив.
Еболата особено опстанува во шумовитите предели на Гвиена, Сиера Леоне и Либерија, а нејзиното ширење го олеснува праксата на семејствата на починатите да ги пренесуваат нивните тела во други земји и таму да ги погребуваат.
Исто така, дел од заразените патувале во странство на лекување, дополнително ширејќи ја заразата. Еболата предизвикува дијареја, повраќање, слабеење на бубрезите и функциите на црниот дроб, а може да предизвика и надворешно и внатрешно крварење. Најмалку 90% од случаите на оваа болест завршуваат со смрт.
Слично
