Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП воведе национални граници за загадениот воздух

ЕП воведе национални граници за загадениот воздух

Европскиот парламент го одобри воведувањето на национални граници за шест главни загадувачи, меѓу кои се сулфур диоксид, честички и азотни оксиди.

Загадувањето на воздухот предизвикува прерана смрт на околу 400 000 луѓе во ЕУ годишно, а ограничувањето ќе заштеди околу 40 милијарди евра за трошоците за загадувањето до 2030 година.

„Загадувањето на воздухот има огромна човечка и економска цена. Таа штети исто така и на животната средина преку еутрификацијата и таложењето на киселините. За него нема граници на земјите членки“, изјави известувачот Џули Грлинг (ЕКР, Обединето Кралство). Нејзиниот извештај беше одобрен со кревање раце.

„Овој закон ќе им помогне на сите нивоа на управување во земјите членки, вклучително и на регионалните и локалните власти, кои се вклучија енергично во процесот. Повикот за акција доаѓа одоздола“, додала таа.

„Мојот извештај ја повикува Комисијата да обезбеди што е можно поскоро и постапка за мерење на емисиите всушност на колите кои ги возиме. Ние сите се согласуваме дека проблемот со емисиите на азотни оксиди мора да биде решен под итно. По последните откритија во автомобилската индустрија јавноста инсистира на активности во оваа сфера“, заклучила таа.

Слично

Поврзани вести