Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП усвои нови правила за пакет патувања преку интеренр

ЕП усвои нови правила за пакет патувања преку интеренр

Според новите правила, изгласани денеска од Европскиот парламент (ЕП), пакет патувања, кои се состојат од хотел, лет - или изнајмување на автомобил, закажани преку интернет како пакет или преку поврзани веб-сајтови ќе ја уживаат истата заштита како оние купени во туристичка агенција. Патниците ќе имаат повеќе права за откажување на резервацијата и првичните информации во врска со кој е одговорен, ако нешто тргне наопаку, соопштија од ЕП.

„Поради промените во туристичкиот пазар и растечкиот тренд на онлајн резервации на патувања, постои итна потреба од модернизација и адаптација на старата директива, која е од 1990 година“, изјавил известувачот Биргит Колин-Ланг од ЕП, Германија.

„Со новото законодавство правата на патниците во Европа беа комплетно засилени. Новите модели за резервација се целосно покриени од својот делокруг, а патниците добиваат сеопфатни информации за своите права. Ние успеавме исто така да ги земеме предвид економските интереси на индустријата: оператори, туристички агенции и хотели“, додала таа.

Заштита за повеќе патници и појасни права

Правилата за пакет туристички патувања ќе покриваат два вида договори: туристичките пакети кои можат да се претходно наместени од страна на организаторот или изменувани од страна на клиентот, и новиот начин на зачувување на патувања, наречен „поврзани патнички услуги“.

Парламентот гарантира дека таквите комбинирани трансакции кај кои името, информациите за плаќање и e-mail адресата на патникот се разгледуваат помеѓу трговците и има склучување на втор договор во рок од 24 часа по првичната резервација, кои ќе се сметаат за пакет туристичка зделка.

Според текстот пред клиентот да склучи каков и да е договор организаторот и трговецот треба експлицитно да му објаснат дека купува туристички пакет и да го информираат за своите права и кој е одговорен, ако нешто тргне наопаку. Парламентот ја додаде обврската за организаторите да им обезбедат на туристите приближен час на заминување и враќање и индикација за секакви можни дополнителни трошоци.

Тој исто така го додаде правото на патниците да поништат пакет договор и да ги добијат парите назад, ако цената на пакетот се покачи за повеќе од 8% (Комисијата понудила 10%) или поради непредвидливи околности како природна катастрофа или терористички напад во дестинација.

Со гласањето во парламентот законодавната постапка завршува. Сега земјите членки имаат 2 години, за да ги транспонираат новите правила во своето национално законодавство и дополнителни шест месеци за да ги стават во примена.

Слично

Поврзани вести