ЕП побараа од Русија меѓународна истрага за убиството на Немцов
Пратениците од Европскиот парламент ќе се обратат кон Русија со барање за меѓународна истрага за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов.
Ова се предвидува во нацрт-резолуција, подготвена од Европарламентот. Документот се очекува да биде изгласан денес.
Во текстот на резолуцијата се наведува дека убиството на Немцов е политичкото убиство со најсилен одек во современата историја на Русија.
Порано се соопштуваше дека во дискусијата за ситуацијата околу смртта на Немцов треба да учествува поранешниот руски премиер Михаил Касјанов, кој во 2010 година заедно со Немцов и други политичари ја основаа Партијата на народната слобода.
Потсетуваме копретседателот на партијата Борис Немцов беше убиен во центарот на Москва во текот на ноќта наспроти 28 февруари.
Во неделата, 8 март, во врска со убиството беа приведени пет лица осомничени како извршители на убиството.
Еден од нив - Заур Дадаев, го пирзна убиството па последователно се откажа од признанието за убиството, објаснувајќи дека признавањето било изнудено со насилство.
