Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП пак ќе го бистри бегалскиот поток во балканскиот правец

ЕП пак ќе го бистри бегалскиот поток во балканскиот правец

Миграциската криза во Европа, особено на бегалскиот прилив по балканскиот правец, соработката со Турција, како и потребните средства за справување со овие предизвици ќе се дискутира денес во Европскиот парламент во Стразбур. На седницата ќе учествуваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Дебатата во Стразбур ќе се фокусира на заклучоците од состанокот на Европскиот совет од 15 октомври и средбата на европските лидери од 25 октомври, посветена на миграцискиот прилив кон Стариот континент. Ќе биде разгледан и претстојниот самит во Валета на 11 и 12 ноември, на кој ќе се соберат африканските лидери и лидерите на ЕУ во потрага по општото решение на бегалскиот проблем.

Денешниот дебата доаѓа откако на вонредната средба на високо ниво во Брисел, свикана од претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, беше усвоен план од 17 точки за надминување на кризата со бегалците во „балканскиот правец“. Лидерите на засегнатите земји се согласија да обезбедат 100 илјади места за сместување на мигрантите, од кои половина - во Грција. Атина изрази подготвеност да обезбеди 30 илјади места до крајот на тековната 2015 година.

Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека миграциската политика на ЕУ сеуште „не е толку уредна, колку би можела да биде“. За време на настанот во Нирнберг бундесканцлерот посочил дека сеуште е невозможно да се постигне правична распределба на бегалците во државите од ЕУ, како и да се примени договорот со Турција.

„Ние работиме на прашањето. Далеку сме од совршенство“, признала таа.

Сепак, канцеларката изразила уверување дека Германија ќе ја надмине успешно миграциската криза. Канцеларката потврдила дека оние имигранти, кои не ги исполнуваат условите за добивање на статус на бегалец во Германија, особено околу 100 000 граѓани на балканските земји, ќе бидат принудени да ја напуштат Федералната република.

Слично

Поврзани вести