ЕП одлучи – Државите повеќе нема да го носат финансискиот товар при колапс на банките
Европскиот парламент и експерти , кои ги претставуваат 28-те земји членки , постигнаа договор за воведување на нови правила за тоа кој треба да го понесе финансискиот удар при евентуален колапс на банка .
Земјите од ЕУ и европските институции одлучија дека земјите веќе нема да ги компензираат загубите на ликвидираните банки и да плаќаат за нивното преструктуирање, за да не се оптоваруваат националните буџети со дополнителни трошоци , соопштија светските агенции.
Според постигнатиот компромис, сериозноста на загубите ќе ги претрпат акционерите и големите штедачи кои имаат депозити , над гарантираните во Европската унија 100.000 евра.
Новиот режим ќе стапи во сила од 1 - ви јануари 2016 -та година.
Слично
