Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП ги замрзнa преговорите со Турција за членство во ЕУ

ЕП ги замрзнa преговорите со Турција за членство во ЕУ

Европскиот парламент усвои резолуција со која ќе се замрзнат преговорите за полноправно членство на Турција во блокот, пренесе РИА Новости. 

Документот беше одобрен со гласовите на 479 пратеници, против се изјаснија 37 пратеници, а 107 лица се воздржаа од гласање.

Денеска шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини за време на пленарната сесија во францускиот град Стразбур изјави дека односите меѓу Анкара и Брисел се на крстопат. 

„Ако Турција ја врати смртната казна, тоа ќе јасен сигнал дека земјата не чувствува желба да биде член на европското семејство" - рече таа пред пратениците. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште вчера посочи дека што и да биде одлуката на пратениците на 28-те земји,  нема да има значење за неговата земја. Анкара и Брисел потпишаа договор за асоцијација во 1963 година, но преговорите почнаа дури во 2005 година.  До денес Турција затвори 19 од 35 поглавја.


Слично

Поврзани вести