ЕНП усвои резолуција за прогласувањето на независност во ЕУ
Европската народна партија (ЕНП) усвои резолуција за заштита на територијалниот интегритет на земјите-членки на ЕУ, според која секоја територија која ќе прокламираа независност унилатерално, ќе се лиши од членство во ЕУ.
Според најголемата десничарска политичка сила во Европскиот парламент, лишувањето на територија од земја-членка на ЕУ треба да значи нејзино автоматско излегување од составот на обединувањето. „Ако територијата излезе од границите на една земја, тогаш новата држава нема да биде повеќе член на ЕУ и треба да започне процес за влез во ЕУ. Нејзините граѓаните ќе ги изгубат правата и обврските кои ги имале порано“, пишува во резолуцијата.
Резолуцијата е насочена против каталонските власти кои сакаат да прогласат независност од Шпанија, велејќи дека Каталонија ќе остане составен дел од ЕУ, а нејзините жители ќе го зачуваат своето европско граѓанство.
Против резолуцијата гласале претставниците на германската христијанската социјална унија, кој е во коалиција со владејачката партија во земјата.
Конгресот на ЕНП се одржува во Мадрид. Во него учествуваат претставниците на 78 партии од различни земји-членки на ЕУ, вклучувајќи и 14 шефови на држави и премиери.
Таму се наоѓа и премиерот Груевски кој одржа краток говор пред присутните.
Истакна дека Македонците се европјани и дека нашето место е во Европа.
Премиерот посочи дека владата ќе продолжи да спроведува реформи за побрз влез во ЕУ и ќе работи на подобрување на стандардот за живот.
