„Ени“ не се откажува од копненото истражување на нафта во Либија
Италјанската „Ени“, која е најголема странска нафтена компанија во Либија, повторно почна да бара нафта во близина на Сирта, околу 300 километри југозападно од Бенгази.
„Ени“ во септември 2011 година беше првата странска компанија која го обнови производството во Либија по граѓанската војна и интервенцијата на НАТО, по што е соборен режимот на Моамер Гадафи.
Истражувањето на нафта ќе продолжи и во 2013 година.
„Ени“ веќе во декември 2011 година, нецели три месеци по убиството на Гадафи ги продолжи подморските истражувања на нафта во Либија.
Слично
