Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергија од кокос на Тајланд

Енергија од кокос на Тајланд
На Тајланд, во провинцијата Самут Сакон, се гради електрана на биомаса со сила од 9,5 мегавати, која ќе работи на кокосов отпад, лушпи и лисја. Електраната ја гради компанијата ДП Кинтек, а новиот дизајн посебно е прилагоден за кокосов отпад, како би се обезбедила ефикасна потрошувачка на горива, како и флексибилност да се мешаат неколку видови на горива. Произведената струја, според пишувањата на магазинот "kWh" ќе се пренесува на јавната мрежа, а самата електрана ќе има корист од тајландските поттикнувачки фид-ин тарифи за биомаса. Електраната, исто така, ќе има и систем за чистење на издувните гасови, со цел нивната емисија да се сведе под предвидените стандарди. Преостанатата пепел ќе се користи како ѓубриво за одгледување или дополнителен материјал за изградба, а од проектот се очекуваат и нови работни места.   А.А.
Слично

Поврзани вести