ЕН-БИ-СИ: ПУТИН Е ФРУСТРИРАН ОД БАВНИОТ НАПРЕДОК НА НЕГОВАТА ВОЈСКА - стравувања дека тоа може да доведе до уште поголема ескалација
Владимир Путин е фрустриран од бавниот напредок на неговата војска во Украина и поради тоа нападнал луѓе од неговиот потесен круг, јавува американската мрежа NBC, повикувајќи се на американски официјални лица.
Ен-Би-Си наведува дека на сегашните и на поранешните функционери кои биле информирани за ова прашање им било кажано дека американските разузнавачки служби се плашат дека рускиот претседател може да доведе до уште поголема ескалација на војната против неговиот сосед.
Руската инвазија на Украина не напредува според очекувањата поради две причини, првата е жестокиот отпор на украинската армија, а втората се повеќекратните дефекти на руската опрема и логистика, се вели во брифингот.
Слично
