Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емпајр стејт билдинг излезе на берза

Емпајр стејт билдинг излезе на берза
По неколкумесечни одложувања заради разрешување на некои правни прашања со акционери, познатата кула Емпајр стејт билдинг, во средата, за првпат се појави на Њујоршката берза. Empire State Realty Trust кој го поседува овој симбол на Њујорк како и 17 други комерцијални згради во овој град и во Конектикат почна да продава акции по почетна цена од 13 долари, која неколку часа подоцна се накачи на 13,39 долари по акција. Инвеститорите од Холдингот Малкин, кои стопанисуваат со облакодерот, уште во февруари 2012 година ги пополнија документите за котириње на берза, но процесот се оддолжи со месеци поради мала група на акционери кои се спротивставија на планот. Малкин ја купи Емпајр Стејт билдинг од милјардерот Доналд Трамп и неговиот бизнис партнер за 57,5 милиони долари во 2002 година.  
Слично

Поврзани вести