Емотивна животната приказна на една мала бегалка по патот кон подобар живот
Нона и нејзината фамилија се самио едни од 17 000 бегалци кои пристигнаа во Хрватска, откако Унгарија ја затвори границата.
Бегајќи од војната во Ирак, тие планираа да ја поминат српско-унгарската граница и да одат во Германија, но наместо уморни и гладни тие тргна пешки кон хрватската граница. Тие пешачат стотици километри, а дел од нив и по територија со опасност од нагазни мини.
,,Зошто Унгарија ја затвори границата, каде можевме да одиме?- се прашува Нона.
Петнаесегодишната Нона раскажува зошто нејзиното семјество тргнало на патот кон подобар живот.
,,Одиме во Германија, бидејќи во Ирак нема ништо друго освен смрт. Мојата куќа изгоре до демел. Нема училишта, нема болници ниту куќи, ништо. Се уште имавме веќе е изгубено.” – со солзи раскажува малата Нона.
Нејзиното семејство тргнало да бара подобар живот, но патот до таму е се подолг.
Затворањето на унгарската граница ги пренасочи бегалците кон Хрватска, Србија и Словенија. Државите кои по приливот на бегалците во нивната териоторија се пожалија дека не можат да се справат со огромната бројка на бегалци и дека и тие ќе постават конртрола на нивните граници.
Хрватска на пример, веќе затвору седум од осум гранични премини.
Слично
