Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емирот од Катар си купи шест грчки острови за 8,5 милиони евра

Емирот од Катар си купи шест грчки острови за 8,5 милиони евра
Емирот на Катар, Хамад бин Халифа ал Тани си купил шест грчки островот во Јонското Море за сума од само 8,5 милиони евра. Тој ги доби островите после 18 месеци правни спорови со локалниот градоначалник и со кралската фамилија, пренесува The Guardian. "Грција е таква држава", вели градоначалникот на Итака, Јоанис Касианос се вели во текстот на The Guardian. "Дури и кога си купувате остров, па дури и кога си Емирот на Катар, за обработката на документацијата е потребна година и пол." Емирот ги забележал островите за прв пат пред четири години, додека крстарел низ Јонското Море со својата суперјахта. Островите располагаат со плажи со бел песок, шуми со маслинови дрвја и се наоѓаат во близина на Итака - митскиот дом на Одисеј. Тие исто така се меѓу низата национални богатства кои Грците продаваат од почетокот на светската финансиска криза. Најголемиот од шесте островот го носи името Оксија и бил сопственост на австралиски пар од грчко потекло, а првично објавената неговата цена била 7 милиони евра. Потоа сепак цената е намалена на нешто под 5 милиони евра. За сума до 8,5 милиони евра Емирот успеал да купи уште пет помали островот. Денис Белегзии, чие семејство ги поседувало останатите пет острови во последните 150 години, изјавил дека поради значително зголемените даноци тие се радуваат дека ги продале. "Многу се радуваме дека ги продадовме. Тие се на пазарот од околу 40 години", рекол Гривас.
Слично

Поврзани вести