Емиратите ќе вложат 4,9 милијарди долари во Египет
Обединетите арапски емирати ќе инвестираат во Египет 4,9 милијарди долари, пренесува Б92.нет
Тој договор го постигнале принцот Абу Даби Мохамед бин Зајед ал Најан и египетскиот премиер Хазем ал Беблави, кој е во тродневна посета на Емиратите.
Инвестициите вклучуваат донација од милијарда долари која и е дадена на Египет и додатна помош, исто така во висина од милијарда долари, со што делумно ќе бидат задоволени потребите на Египет за нафта.
Инвестициите вклучуваат и изградба на станови во Каиро, 25 силоси за складирање на пченица, капацитет по 15.000 тони и 79 помали здравствени објекти.
Слично
