Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емиратите ќе ја прекинат зависноста од Ормутскиот теснец?

Емиратите ќе ја прекинат зависноста од Ормутскиот теснец?

Емиратите сакаат целосно да ја прекинат зависноста од Ормутскиот теснец.

Додека светот го очекува целосното повторно отворање на Ормутскиот теснец по потпишувањето на привремениот мировен договор меѓу САД и Иран, Обединетите Арапски Емирати веќе работат на амбициозен план со кој сакаат целосно да ја намалат зависноста од оваа клучна поморска рута.

Министерот за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати, Тани ал Зајуди, изјави дека земјата се движи кон целосна независност од Ормутскиот теснец, без оглед дали тој ќе биде отворен или затворен. 

Затворањето на теснецот по почетокот на американско-израелските напади врз Иран уште еднаш ја покажа неговата важност за глобалната трговија со енергенси и друга стока, вклучително и ѓубрива, хелиум и алуминиум.

Во центарот на новата стратегија е проширувањето на источните пристаништа Диба, Фуџајра и Хор Факан, кои се наоѓаат надвор од Ормутскиот теснец, на брегот на Оманскиот Залив. Дополнително, Емиратите планираат изградба на најмалку уште едно ново пристаниште на истиот брег. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести