Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Emirates“ ја воведе најдолгата авионска линија – лет од 17 часа и 35 минути!

„Emirates“ ја воведе најдолгата авионска линија – лет од 17 часа и 35 минути!

Арапската воздушна компанија „Emirates“ од следната година ќе може да се пофали со најдолг комерцијален лет.

„Emirates“ од февруари 2016 ќе почне да лета на линијата Дубаи-Панама Сити, а летот ќе трае 17 часа и 35 минути.

За маратонскиот лет ќе се користи Боингот 777-200LR, авион со најдолг опсег на светот.

Предвидено е линијата да се нуди во три класи - прва, бизнис и економска.

Најдолгиот лет засега од 17 часа го држи линијата Далас-Сиднеј.

Рекордна долга линија некогаш бил летот од Сингапур до Њујорк од дури 19 часа.

Линијата ја укина „Singapore Airlines“ во 2013 година.

Слично

Поврзани вести