Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕМА: Земјите на ЕУ да се воздржат од одобрување на Спутник V, се прават потребните проверки за квалитет и безбедност

ЕМА: Земјите на ЕУ да се воздржат од одобрување на Спутник V, се прават потребните проверки за квалитет и безбедност

Високата функционерка во бордот на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, ги повика членките на Европската унија да се воздражат од издавање одобрувања за итна употреба на руската вакцина против Ковид-19, додека агенцијата целосно не ја испита нејзината сигурност и ефикасност, пишува денеска угледниот Ројтерс.

Медиумот ја пренесува и нејзината изјава дадена за јавниот австриски сервис ORF во која Хохе вели дека се потребни повеќе податоци за да направат анализа, односно соодветна процена.

-Во моментов немаме податоци за вакцинираните лица, тоа сѐ уште е непознато. Затоа би ги повикала членките на ЕУ засега да не издаваат одобрување за вакцината „Спутник V“ за итна употреба“, изјави Виртумер-Хохе, која истовремено не ја исклучи можноста ЕМА да даде зелено светло за оваа вакцина.

-Во догледно време, кога ќе бидат проверени и разгледани сите релевантни податоци, „Спутник V“ може да биде на пазарот на ЕУ. ЕМА веќе започна со експертизата. Податоците кои ни пристигнуваат од рускиот производител ќе бидат прегледани во согласност со европските стандарди за квалитетот, безбедноста и ефикасноста. Доколку сѐ биде во согласност со споменатите стандарди, вакцината ќе биде одобрена и во ЕУ , рече Хохе.


Слично

Поврзани вести