ЕМА ВОДИ ИСТРАГА ЗА 62 СЛУЧАИ: Откако неколку земји ја ограничија употребата на АстраЗенека
Европската агенција за лекови (ЕМА) испитува 62 случаи на згрутчување на крвта, поради што неколку земји ја ограничија употребата на вакцината против ковид 19 на компанијата „Астра Зенека“, изјави директорот на ЕМА, Имер Кук.
Според неа, исто така има 44 случаи од Европската економска област со 9,2 милиони луѓе кои примиле вакцина во тој регион.
Таа нагласи дека случаите цитирани од ЕМА не вклучуваат случаи на состојба позната како тромбоза на вени на церебрален синус (ЦВСТ), пријавена во Германија.
Прв случај на тромбоза од АстраЗенека регистриран во Македонија
Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, изјави дека е регистриран еден случај на тромботична реакција , поврзан со вакцината Астразенека, и дека станува збор за 28-годишна девојка.
Тој за новинарите изјави дека девојката ја примила вакцината Астразенека во Србија пред една недела и дека вчера е примена во болница.
"Регистриран е еден случај кај нас. 28-годишно девојче од вчера е во болница со тромботичен ефект, што е поврзано со примената една доза од вакцината Астразенека", рече Филипче.
Министерот за здравство рече дека ќе се следи примерот на Канада и Германија и дека Астразенека засега нема да им се дава на лица под 60 години.
"Иако овие случаи на тромботични реакции, кои се јавуваат кај помлади луѓе, се многу ретки, решивме да бидеме внимателни. Ќе ја чекаме конечната потврда на Европската агенција за лекови. Искрено верувам дека уште еднаш ќе се потврди дека вакцината е покорисна, отколку да се добива ваква компликација “, истакна Филипче.
