Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ПРВ ПАТ ПО 60 ГОДИНИ НЕМА ДА ИСПОЛНИ ЕДНА СВОЈА ДОЛЖНОСТ: Принцот Чарлс ќе има говор во Парламентот

ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ПРВ ПАТ ПО 60 ГОДИНИ НЕМА ДА ИСПОЛНИ ЕДНА СВОЈА ДОЛЖНОСТ: Принцот Чарлс ќе има говор во Парламентот

Британската кралица за прв пат по 59 години нема да исполни една од најважните должности, а принцот Чарлс наместо неа же се обрати на отворањето на парламентот

Кралицата Елизабета Втора се повлече од овогодинешното државно отворање на парламентот, каде што требаше да го прочита нејзиниот говор, соопшти Бакингемската палата. Ова ќе биде прв пат од 1963 година кралицата да ја пропушти оваа уставна церемонија, на која беа изложени законодавните планови на владата, јавува Би-Би-Си.

На оваа позиција ќе ја замени принцот Чарлс. Британската кралица има проблеми со подвижноста и мораше да ги откаже неодамнешните јавни настапи. Бакингемската палата до понеделникот вечерта велеше дека кралицата се надевала дека ќе присуствува, но сега таа потврди дека нема да оди на церемонијата во Вестминстер поради „епизодни проблеми со подвижноста“. Во соопштението се наведува дека кралицата во консултација со своите лекари неволно одлучила да не присуствува на отворањето на парламентот.

Принцот Чарлс и принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, беа заеднички овластени да го отворат парламент во нејзино име. Империјалната државна круна ќе продолжи да се носи во парламентот - а тронот на кралицата ќе остане празен. Се очекува пред собраните парламентарци да седнат принцот Чарлс, Камила, војвотката од Корнвол и принцот Вилијам.

Државното отворање на парламентот го означува почетокот на парламентарната година, а говорот на кралицата ја поставува агендата на владата и законите што сака да ги воведе. Говорот обично го чита монархот, како шеф на државата, а кралицата го пропушти само двапати за време на нејзиното 70-годишно владеење, во 1959 и 1963 година, поради бременост.

ФОТО: EPA/NEIL HALL


Слично

Поврзани вести