Економија, финансии, бизнис

Контакт

Елизабета II монарх со најдолг стаж: Таа пука, јава, твитува … и не планира да си оди од престолот!

Елизабета II монарх со најдолг стаж: Таа пука, јава, твитува … и не планира да си оди од престолот!

Кралицата Елизабета Втора (89) денес во 17.30 ќе стане монарх со најдолг стаж на британскиот престол, на кој е 63 години и 217 дена. Таа ќе го урне рекордот кој го држеше нејзината прабаба кралицата Викторија.

Истовремено е и европски рекордер по должина на владеење. Од живите монарси „постар“ од неа е кралот на Тајланд Рама Девети, кој владее 69 години.

За цел живот

Иако рекордер, за разлика од другите европски монарси, таа не планира да абдицира. „Тоа е работа за цел живот“, изјавила еднаш. Елизабета променила дури 12 премиери на Велика Британија. Со оглед на тоа дека таа е суверена и 16 други земји, променила и 13 премиери на Австралија, 11 Канада, 14 Нов Зеланд...

И покрај тоа што некогаш била владар на 32 различни земји, а 16 од нив станале републики, како и траумите како загинувањето на принцезата Дајана, Елизабета успеала старата институција да ја воведе во нова ера.

Се тоа и не чуди ако се има предвид дека се работи за многу интересна личност. Со 18 години пристапила на територијална одбрана на земјата, каде завршила два занаети-за возач и авто-механичар. Многу добар стрелец е од автоматски пушки, а голем љубител на коњи, па и во деветата деценија од животот редовно јава.

Целосна енигма

Исто така, никогаш не се плашела од новите технологии, па е прва личност во Британија која испратила мејл, и тоа уште во 1976. Не се двоум9 да ги употреби ниту новите технологии, па минатата година почнала да користи и Твитер.

Меѓутоа, и покрај тоа што внимава на сопствениот имиџ, или можеби токму поради тоа, кралицата Елизабета никогаш не дала интервју, па нејзините политички и религиозни ставови се целосно непознати.

Инаку, британската монархија денес ќе стане најбогата во историјата-богатството го зголемила на 22,8 милијарди фунти.

И Чарлс е во нешто прв

princ-carls-engleski-princ-foto-ap-1441749597-736721

РЕКОРДЕР ПО СТАЖ НА ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК

Благодарение на одлуката на кралицата Елизабета да не абдицира, нејзиниот син принцот Чарлс (66) исто така е рекордер со најдолг стаж на престолонаследник во британската монархија. Со оглед на тоа дека таа титула ја понесе во февруари 1952, кога имал само три години, кралската круна како прв во редот за наследство ја чека повеќе од 63 години. Претходниот рекорд го држеше неговиот прадедо кралот Едвард VII кој бил престолонаследник 59 години, а по смртта на мајката Викторија владеал сам девет години.

Слично

Поврзани вести