Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛИТНО МЕСТО КАДЕ ЛЕТУВААТ БОГАТИТЕ: Ќе ги тестираат сите 200.000 жители

ЕЛИТНО МЕСТО КАДЕ ЛЕТУВААТ БОГАТИТЕ: Ќе ги тестираат сите 200.000 жители

Португалски град Каскаис лоциран во близина на Лисабон ќе ги тестита сите жители за коронавирус. 

Овој град планира да биде првиот во земјата којшто ќе ги тестира сите 200 000 жители за антитела на коронавирус.

Се надеваат дека ќе направат околу 5.000 тестови неделно во договор со една фармацевтска компанија и две независни приватни лаборатории.

Секој тест чини пет евра и го плаќа општината и неколку приватни лица, вели заменик-градоначалникот на Каскаис, Мигел Пинто Луз. 

Каскаис е популарна  дестинација за одмор каде се летуваат богатите и славните. 

Сите свои жители ги тестираше кинескиот град Вухан. 

На ист чекор се одлучија и две мали држави, Андора и Лихтенштајн. 

Во португалскиот град ќе ги тестираат сите жители, за да можат што поскоро да ја вратат во живот економијата, но и да им обебзедат безгрижно лето на граѓаните. 

Слично

Поврзани вести