Елисејската палата заработи 300 000 евра од продажба на вино
Првиот ден од продажбата на дел од вината на визбата на Елисејската палата ги надмина сите очекувања, таа донесе заработка од 295.666 евра, со продажбата на две шишиња „Петрус“ од 1990 година продадени едното за 5500, а воторото за 5800 евра.
Продажбата на резервите на Елисејската палата е со цел да се обноват истите со нови вина и по желба на актуелниот претседател Франсоа Оланд, со вина кои се со поскромни цени, но тоа не значи дека гостите во Елисејската палата ќе бидат од сега служени со обично вино.
Продажбата на вината е на лицитација во Друо, една од најпознатите сали за наддавање во Франција и вчера истата беше попречена од протест на противниците на хомосексуалните бракови. Продажбата на вина од Елисејската палата продолжува и денес.
