ЕЛИМИНИРАНА Е ЈАСНА И НЕПОСРЕДНА ОПАСНОСТ: Армијата на САД со прецизен удар ракетираше автомобил полн со експлозив, тврди Пентагон
Пентагон денеска објави дека САД нападнале возило натоварено
со експлозив што требало да ги нападне американските војници на меѓународниот
аеродром во Кабул.
Оваа вест ја потврдија и талибанците, односно нивниот портпарол Забихула Муџахид, кој повтори дека нападот бил извршен врз припадници на Исламската држава на авганистанските ограноци.
Портпаролот на Централната команда, која ја покрива авганистанската зона, изјави дека американската армија го извршила нападот со цел да се одбрани од непосредна закана. Возилото носело „значителна количина експлозивен материјал, на што војската одговори соодветно“.
Нападот се случи неколку дена откако двајца бомбаши самоубијци се разнесоа на една од влезните порти на аеродромот во Кабул, што предизвика одмазднички напад во саботата рано наутро, кога со дронови беа убиени високите претставници на Исламската држава во Авганистан, идентификувани како планери на крвопролевањето.
Инаку, во нападот загинаа повеќе од 90 цивили, како и 13 маринци, и уште 15 војници на САД беа ранети.
Амбасадата на САД во Кабул ги советуваше преостанатите Американци во градот да го избегнуваат аеродромот поради заканите.
