Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕКТРОШОКОВИ, КОРНЕЊЕ НА НОКТИ, ТЕПАЊЕ: Украинка морала да направи пластична оперaција по тортурата преживеана во Херсон

ЕЛЕКТРОШОКОВИ, КОРНЕЊЕ НА НОКТИ, ТЕПАЊЕ: Украинка морала да направи пластична оперaција по тортурата преживеана во Херсон

Украинците кои беа под руска окупација во Херсон, се жалат на тортура.  Русите ги испрашувале за украинската војска. 

Раскажуваат како го преживеале периодот додека биле заробени.  Русите на Украинците заробени во Херсон рацете им ги ставале во врела вода, ноктите им ги ваделе, а гениталиите им ги приклучувале на струја, покажуваат новите извештаи за систематското мачење за време на руската окупација. Главниот обвинител за воени злосторства во Киев, Јуриј Белоусов, вели дека се добиени повеќе од 50.000 пријави за воени злосторства, од кои околу 7.700 се од Херсон и околниот регион, пишува „Телеграф“.

Инспекторите лоцираа 10 места околу Херсон кои Русија ги користела за приведување и мачење Украинци.  Оксана Миненко (44), сметководителка која живеела во Херсон, го загуби својот сопруг, украински војник, кој загина на првиот ден од руската инвазија бранејќи го градот Антоновски мост.  Таа била тешко повредена што морала да направи пластична операција и имала среќа да не го изгуби окото.

Андриј Коваленко, главен обвинител за воени злосторства на регионот Херсон изјави дека „ова е направено систематски и исцрпно“ за да се извлечат информации за украинската војска. Овој 35 годишен човек бил подложен на исцрпувачки петдневен притвор во август минатата година, изјави тој за „Ројтерс“. Рускуте војници го принудиле да се соблече и му давале електрошокови на гениталиите и ушите.

Во медиумите имаше информации дека руските сили закопувале живи луѓе во некои украински села и потоа ги задушувале со гас-маски. Русија цело време негираше дека измачува цивили. 

Украина се надева дека ќе го добие потребното оружје од западните земји кое е потребно за одбрана од руската агресија.

Руските сили планираат да ги отсечат украинските војници кај Соледар и Бахмут. 

Инвазијата на Украина почна на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести