ЕЛЕKТРИЧЕН АВТОПАТ ЗА КАМИОНИ: Вака европска земја се бори со загадувањето
Германија го отвора првиот електричен автопат за камиони.
Ова е прв ваков проект на јавен пат во Германија.
Државата смета дека е најден одговорот со користење надземни водови, јавуваат европските медиуми.
Камионите трошат дизел, ги загадуваат градовите и имаат свој придонес во климатските промени.
Системот кој им овозможува на камионите да црпат електрична енергија од надземните кабли стапи во функција вчера, на 10 километри од автопатот А5, соопштија од германската влада.
Системот е разработен од Сименс и им овозможува на камионите да се движат по патиштата поврзани преку електрични линии, при што можат да развијат брзина од 90 километри на час. Ваквите проекти во Германија можат да бидат решение кое вклучува зголемено користење на железницата и употреба на електрични возила.
