Еквадор дозволи сослушување на Асанж во амбасадата на Лондон
Еквадор и дозволи на Шведска да го испрашуваат основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на земјата во Лондон повеќе од три години, пренесоа агенциите.
Шведските власти треба да го испрашуваат Асанж за поплаки од две жени, кои го обвинуваат за сексуални напади. Европска потерница е издадена за Асанж.
Тој побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска, бидејќи се плаши дека може оттаму да биде екстрадиран во САД, каде ќе биде осуден за објавените од „Викиликс“ на 500 000 доверливи документи и 250 000 дипломатски телеграми на САД.
Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Пети изјавил ако шведското правосудство не покрене обвиненија против Асанж, тој може да оди во Еквадор, кој му дал азил.
