Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстремно топло во Австралија - се очекуваат 48 степени

Екстремно топло во Австралија - се очекуваат 48 степени

Метеоролозите во Австралија најавуваат дека живата во термометарот во некои области ќе се искачи до 48 степени.

Ова е најтоплиот февруари во Австралија, од кога се води евиденција за температурите.

Во Нов Јужен Велс вчера беше измерена температура од 47 степени Целзиусови, што доведе до голем притисок на електро мрежата, па се очекуваат масовни исклучувања.

Австралиските итни служби се подготвуваат за потенцијална катастрофа. Тие мораа да локализираат над 50 пожари во државата Нов Јужен Велс поради топлотниот бран кој го погоди источниот брег на земјата.

Слично

Поврзани вести